Три тела на мртви бебиња пронајдени во подрум во Полска, мајката е осомничена за убиство, а нејзиниот татко е упасен под сомнеж за инцест

Полска полиција/ Фото EPA-EFE/WOJTEK JARGILO

Полската полицијата пронашла тела на три новороденчиња во подрум на семејна куќа во селото Черники, Полска.

Државниот обвинител потврди дека е уапсена дваесет годишна жена која е осомничена за убиство, но и за инцест. Германските медиуми јавуваат дека истрагата се води и против нејзиниот педесетичетири годишен татко.

 

Вчеравчер полицијата пронашла мртво новороденче во село југозападно од Гдањск. По дополнително претрес на куќата, полициските службеници пронашле уште едно тело на бебе во поодмината фаза на распаѓање.

 

Полицијата на крајот го пронашла и третото мртво бебе. Случајот сега е во рацете на државниот обвинител.

Заднината на злосторството се уште е нејасна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот