Три лица осомничени за разбојништвото во Теарце на 22 ноември

СВР Тетово / СП. архива

Три лица се лишени од слобода и е започната постапка за утврдување на одговорност околу разбојништвото и одземање на пари од објект на игри на среќа што се случи во тетовски Теарце на 22 ноември. Тогаш во СВР Тетово беше пријавено дека две лица со маски и оружје украле пари од спортска обложувалница ноќеска во тетовско Теарце.

– Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(42), Д.С.(28) и М.Б.(32) од тетовските села Доброште, Глоѓи и Теарце, поради сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво”. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово, информираат од СВР Тетово.

Полициската истрага продолжува и со други мерки со цел целосно расчистување и документирање на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот