Три лица загинаа при пукање во Канзас Сити

Фото: Јутјуб/принтскрин

Три лица загинаа, а две се ранети, од кои едно потешко, во пукање во бар во Канзас Сити, Мисури, што се случи рано утринава, соопшти полицијата.

Службеничката на полициската управа во Канзас Сити, Дона Дрејк, објави дека две лица починале на лице место, а третото починало во болница, пренесе АП.

Жртвите се полнолетни, соопшти полицијата, додавајќи дека нападот е под истрага.

Во САД во првите четири месеци и шест дена од оваа година загинаа 115 лица во 22 масовни убиства, објави Гласот на Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот