Три книги беа промовирани на литературна вечер со поетесата и писателка Гордана Каракашевска

Гордана Каракашевска (трета од лево) со учесници на промоцијата во Домот на култура „Кочо Рацин“

Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје на 6 април се одржа литературна вечер на која беа промовирани три книги од авторката Гордана Каракашевска: книгата со раскази „Сињор Џордано и размислувањата за…“, стихозбирката „Скршен поет и други поеми“ и романот „Разголување“, објавени во 2021 година, а кои поради ковид-пандемијата досега немаа промоција.

Модератор на настанот и промотор беше Елеонора Николовска, а избор стихови читаа Елизабета Клинчаревска Младеновска, Лепосава Поповска и Тодорка Филиповска. Во сите три дела темата е убавината, љубовта и пролетта.

Значајно за сите три книги е тоа што се дел од Современа македонска книжевност – едиција „Книжевни меридијани“ и истите се носители на награди на конкурси распишани од издавачката куќа „Дата песнопој“ – Битола. Стихозбирката „Скршен поет и други поеми“ (носи II награда „Душата на чаршијата“), новелата „Сињор Џордано и…“ (носи II награда „Пелистерски ракувања“) и романот „Разголување“ (носи II награда „Пелистерски ракувања“) издадени од „Дата песнопој“ – Битола.

Книгите се објавени под псевдоним на авторката – Ана Каракаш. Автор на кориците на сите три книги е Илија Мерковски, главен и одговорен уредник во издавачката куќа „Дата песнопој“ – Битола, која зад себе има децениска успешна работа.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 226, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 13-14.4.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот