Трговците мамат: Секое четврто онлајн намалување во Европа е лажно!

Хрватската пратеничка во Европскиот парламент Билјана Борзан во Домот на Европа во Загреб ги презентираше резултатите од истражувањето за искуствата на граѓаните кои пазаруваат со попусти. Нејзиното истражување покажало дека дури 97,6 отсто од граѓаните купуваат на попусти, најчесто облека и обувки, а оние со најниски примања најчесто купуваат храна.

„Во моментов е во тек зимскиот сезонски попуст и иако воведовме голем број правила за заштита на граѓаните од измами, дури 72 отсто од граѓаните велат дека наишле на лажен попуст. Дури 91,7 отсто од граѓаните биле разочарани од попустот во продавницата во однос на попустот што се огласуваше на излогот. Посебно загрижува тоа што 90,5 отсто од граѓаните не направиле ништо кога го забележале лажниот попуст“, вели Борзан.

Таа наведува дека трговците кои се должни да ги информираат граѓаните за задолжителната гаранција, често не го прават тоа, а 94,9 отсто од граѓаните сметаат дека трговците треба да бидат позборливи во случај на поплаки.

Повеќето граѓани одговорот го гледаат во зголемување на бројот на инспекции, пишува Индекс хр.

ЕУ најавува нови правила „Над 90 отсто од граѓаните веруваат дека попустите се повисоки во другите земји на ЕУ отколку во Хрватска. Европската комисија спроведе онлајн контрола на попусти во 13 земји-членки и откри дека секој четврти попуст е лажен, а дури 67 отсто од веб-трговците не го почитуваат основните права на потрошувачите како што се утврдувањето на задолжителната гаранција или правото на бесплатно враќање во рок од 14 дена“, наведува Борзан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот