ТРЕТАТА СВЕТСКА ВОЈНА НЕМА ДА ЈА ПРЕДИЗВИКААТ НУКЛЕАРНИТЕ БОМБИ: Експерти велат дека злото доаѓа од компјутерите!

Фото: Профимедиа

Неколку експерти веруваат дека заканата од глобална војна е поблиску од кога било, но дека таа нема да се ескалира преку воена интервенција или нуклеарни експлозии.

Всушност, третата светска војна би ја предизвикале хакерите, чии напади можат да предизвикаат поголема штета од нуклеарното оружје.

Ова тврдење го изнесе професорот Џереми Штрауб од Универзитетот во еверна Дакота.

– За разлика од експлозиите на нуклеарни бомби кои речиси веднаш би ги убиле сите луѓе на оддалеченост од 800 метри, смртноста предизвикана од сајбер нападите би била побавна. Луѓето би можеле да започнат да умираат од недостаток на храна, енергија или гас или како поседица на зголемени сообраќјани несреќи. Тоа би можело да се развие на глобално ниво и да предизвика бројни жртви – објаснува професорот во својот текст за порталот „Conversation“.

Дека во неговите зборови има вистина, зборува и фактот дека една хакерска група пред три години влезе во системите за прочистување на вода и успеа да го промени нивото на хемиските супстанци.

– Ако овие промени останаа незабележани, злосторството ќе доведеше до труење, неупотребливи резерви со вода и недостиг – објаснува професорот.

Во август 2017 година, хакери нападнаа фабрика за преработка на нафта во Саудиска Арабија, а како што вели Штрауб хакерите веќе успеале да инсталираат и опасен „софтвер“ во системите за енергија и вода во САД, каде тој моментално „спие“ и само се чека моментот кога би бил активиран.

Според Штрауб, ниту една земја на светот нема да го користи своето нуклеарно оружје против другите кои исто така го поседуваат поради закана дека ќе биде нападната.

Истовремено, лесно е да се сокрие изворот на дигитален упад, што секако не може да се каже за лансирањето на ракетите, вели експертот.

– Мојата цел не е да ги намалам разорувачките ефекти од нуклеален напад. Наместо тоа, моја цел е да покажам дека постојат некои нуклеарни системи за контрола на меѓународно ниво, додека за сајбер нападите не постојат – нагласува тој.

Резултати од анализите, кои ги цитирал професорот, откриле дека само петина од сите компании кои користат компјутери за контрола на индустриските машини во САД ја надледуваат својата опрема за да откријат потенцијални напади.

Покрај тоа, во 40 отсто од нападите кои тие компании успеале да ги идентификуваат, хакерите имале пристап до нивните најнови системи подолго од една година.

Според мислењето на Штрауб, најмалку четвртина од сите работа во областа на сајбер безбедноста во САД моментално се испразнети.

Недостатокот на квалификувани експерти не овозможува решавање на актуелните закани, заклучува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот