Трет пат годинава непознати сторители палат контејнери во близина на Бит Пазар

Фото: ЈП „Комунална хигиена“

Непознати сторители опожариле три контејнери за отпад лоцирани на булеварот „Крсте Мисирков“ во близина на Бит Пазар.

Опожарените контејнери биле со зафатнина од 3,2 метри кубни и се целосно уништени и неупотребливи, информираат од ЈП „Комунална хигиена“.

Од ова јавни претпријатие велат и дека, опожарените контејнери веднаш ги заменле со нови за како што велат да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад.

– Ова е трет случај годинава од страна на непознати сторители да бидат опожарени садови за одлагање отпад на истата локација – велат од ЈП „Комунална хигиена“ од каде што меѓу другото апелираат да престане уништувањето на контејнерите, за како што велат, екипите на претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно оперативната програма за работа.

Од ЈП „Комунална хигиена“ информираат и дека сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и упатуваат апел до МВР во најкус можен рок да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот