Тренерот ме нарекуваше мајмун и ми велеше да се вратам во џунгла

твитер

Фафа Пико, американски фудбалер кој е роден на Хаити откри дека додека настапуваше во Италија имаше големи проблеми со расизмот.

Пико од 2006 до 2011 година го носеше дресот на Калјари и во овој клуб се соочуваше со расистички навреди кои доаѓаа од неговиот тренер.

– Постојат разни облици на расизам, се среќавав со нив во соблекувалните и на разни стадиони. Со 16 години пристигнав во Италија и почнав да играм за Калјари една година подоцна. Бев дел од резервниот тим и тогашниот тренер беше една од најлошите личности кои ги имам запознаено во мојот живот. Ми велеше дека сум мајмун и оти треба да се вратам во џунглата во Африка. Зборуваше дека црномурестите фудбалери немаа техника и дека само се брзи, дека знаат само да трчаат и поради тоа и јас сум бил ангажиран – изјави актуелниот играч на Далас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот