Тренчевска: Продолжувањето на соработката меѓу Македонија и Турција останува на младите

Фото: МТСП

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше на средба со Валијата на Град Маниса, Енвер Унлу. На средбата се разговараше за важноста од поврзаноста на регионите и за пријателските односи помеѓу земјите.

Валијата истакна дека Балканот е недосонуваниот сон на Турција и затоа за него од особена важност да се одржуваат топлите односи меѓу државите. Тој се надоврза на моменталната ситуација во светот и воените конфликти, истакнувајќи дека мирот во регионот моментално е најважен.

Тренчевска зборуваше за соработката помеѓу земјите и за инвестициите кои Турција ги остварува во РСМ. Министерката истакна дека покрај овозможувањето на најмладите да учат на турски јазик во нашата земја таа истакна дека Владата ги поддржува и младите од Турција преку стипендии за студии во нашите универзитети.

На крајот од средбата Валијата ја покани Тренчевска на фестивалот на виното и маџунот, истакнувајќи дека маџунот се смета за лековит уште од времето на Султан Сулејман и дека тоа е манифестација која не треба да се пропушти. Тренчевска исто така го покани Валијата во РСМ особено во општините во кои веќе е воспоставена соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот