Трамп треба да плати 83 милиони долари отштета за клевета на новинарка

Доналд Трамп / Фото: Melissa Sue Gerrits / Getty images / Profimedia

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп треба да плати 83,3 милиони долари отштета на новинарката и колумнистка Елизабет Џин Керол за јавните изјави што ги дал во 2019 година со кои ја омаловажувал и ги негирал нејзините наводи за силување, утврдила Федералната порота на судот во Менхетен, пренесува „Си-ен-ен“.

Поротата утврдила дека Трамп треба да и плати на Керол отштета од 18,3 милиони долари, од кои 11 милиони долари за нарушување на нејзината репутацијата и 7,3 милиони долари за претрпена емоционалната штета предизвикана од неговите изјави во 2019 година.

Трамп, како што утврдила поротата, треба да плати и 65 милиони долари казнена отштета за злонамерно дејствување при давање изјави за Керол.

Вкупната сума на пари што треба да ја плати Трамп е осум пати повисока од она што Керол го побарала во нејзината првична тужба.

Трамп, пак, ја осуди пресудата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот