Трамп собрал повеќе од 50 милиони долари за изборната кампања на вечера во Палм Бич

Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Доналд Трамп, кандидат за претседателските избори во САД во ноември успеал да собере повеќе од 50,5 милиони долари за својата изборна кампања за време на вечерата во Палм Бич, недалеку од Мар а Лаго, луксузната резиденција на поранешниот претседател на Флорида.

Настанот го организирал милијардерот Џон Полсон, а меѓу гостите биле и бизнисменот Роберт Бигелоу, кој своето богатство го заработил во угостителската индустрија пред да биде на чело на компанија за истражување на воздухопловството и Џон Кациматидис, сопственик на синџир продавници за намирници.

Трамп за медиумите истакна дека ноќта била неверојатна уште пред да започне и дека луѓето сакале да донираат за да ја направат Америка повторно голема.

Пред една недела, демократот Џо Бајден организираше слична вечера во Њујорк со учество на поранешните претседатели Бил Клинтон и Барак Обама, но  успеа да собере само 25 милиони долари.

Собраните суми се користат за финансирање на турнеите на претседателските кандидати низ земјата, за плаќање на нивните тимови, за издавање анкети и за плаќање на телевизиски реклами.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот