Трамп се надева на вакцина против Ковид-19 до крајот на годината

Трамп изрази уверување дека вакцината ќе стане достапна до крајот на годината и дека американската војска и другите сили ќе бидат мобилизирани во согласност со таа претпоставка.

Американскиот претседател Доналд Трамп, се надева на вакцина против коронавирусот до крајот на годината, а за нејзина дистрибуција, како што рече, ќе се потпре на армијата, а предност во вакцинирањето ќе имаат постарите Американци.

– Знаете дека давањето на оваа вакцина е огромна работа. Нашата армија моментално се мобилизира и на крајот на годината ќе можеме да ја дадеме на голем број луѓе многу, многу брзо – рече Трамп во интервју за Фокс Бизнис.

Трамп изрази уверување дека вакцината ќе стане достапна до крајот на годината и дека американската војска и другите сили ќе бидат мобилизирани во согласност со таа претпоставка.

Иако засега нема вакцина против коронавирусот, Белата куќа има поставено цел да произведе 300 милиони дози на ваква вакцина до крајот на оваа година, додека истакнатиот американски епидемиолог Ентони Фаучи смета дека е неостварлива идејата оти таа ќе биде достапна до есен, кога ќе започне наставата во училиштата и на факултетите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот