Трамп планира санкции против оние му продаваат оружје на Иран

EPA-EFE/ANNA MONEYMAKER / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да издаде извршна наредба што ќе му овозможи да воведе санкции на САД против секој што ќе го прекрши ембаргото за продажба на конвенционално оружје на Иран. Тоа го најавија за американски медиуми четири извори запознати со тоа прашање.

Извори, кои сакаа да останат анонимни, изјавија се очекуваат извршна наредба во наредните денови со што ќе му се овозможи на претседателот да ги казни прекршителите со секундарните санкции, забранувајќи им пристап до американскиот пазар.

Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар.

Непосредна причина за акцијата на САД е скоро истекување на ембаргото на ОН за оружје за Иран и предупредување до странските актери (американските субјекти веќе се забранети за таква трговија) ​​дека доколку купат или продадат оружје на Иран, ќе се соочат со санкции на САД.

Според нуклеарниот договор меѓу Иран и шест големи сили од 2015 година – Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД – ембаргото на ОН за конвенционалното оружје треба да истече на 18 октомври, непосредно пред изборите во САД на 3 ноември.

САД, кои се откажаа нуклеарниот договор во мај 2018 година, велат дека започнале продолжување на сите санкции на ОН против Иран, вклучително и ембарго за оружје, кое би стапило на сила во 20 часот в сабота навечер или во 00:00 часот според Гринич в недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот