Трамп ја почна кампањата за нов мандат: ВЕТИ НЕШТО ШТО ДОСЕГА НИКОЈ НЕ ГО ВЕТИЛ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Претседателот на САД, Доналд Трамп во Флорида ја започна кампањата за следен претседателски мандат ветувајќи ѝ на нацијата нешто што никој не го ветил досега.

– Ќе ги поместиме границите на медицината, ќе излеземе со лекови за многу проблеми и болести, вклучувајќи го и ракот и другите болести. Ќе ја истребиме сидата во Америка засекогаш, кон тоа сме многу близу. Ќе поставиме основи за слетување на Марс – рекол Трамп на час и половина долгиот митинг во Центарот „Амвеј“ во Орландо.

– Овие избори ќе бидат пресуда за тоа дали ќе живееме во држава каде луѓето ги губат изборите, одбиваат да го признаат тоа и поминуваат две години обидувајќи се да го уништат нашиот Устав и да ни ја искинат земјата – порачал тој алудирајќи на извештајот на Милеровата комисија.

– Го поминавме ловот на вештерки во политичката историја. Сето тоа беше нелегален обид за поништување на резултатите од изборите – додал Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот