Фото: ФФМ

Трајковски: Да го искористиме притисокот на Белгијците и да стигнеме до поволен резултат

Македонската фудбалска А репрезентација вечерва на Планет Груп арената во Гент ќе го одржи последниот тренинг пред одигрувањето на квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против селекцијата на Белгија кој е на програмата утре (петок) со почеток од 20.45 часот.

– Белгијците сега знаат против кого играат. Сметам дека тие сега ќе имаат поголем респект кон нас. Мислам дека притисокот е врз нив. Ние секој натпревар го играме исто, се подготвуваме на ист начин. Нормално е како тече циклусот да се зголемува и притисокот, но треба да го тргнеме на страна и да одиграме како што знаеме и да обидеме да стигнеме до добар резултат – изјави нашиот репрезентативен 33-годишен напаѓач Александар Трајковски.

Еден од нашите најискусни репрезентативци во овие мундијалски квалификации има досега два гола, а севкупно 24 во 95 настапи за сениорскиот дрес:

– Сепак, мислам дека ова ќе биде добар натпревар и дека нема да им биде лесно ниту на нив. Како што доаѓа крајот на квалификациите притисокот расте, исто е за нив и за нас. Ова ќе биде една од поважните средби која може да го реши патот во финишот на циклусот. Белгија без разлика на генерацијата, секогаш е силна, произведува добри играчи и неслучајно е таму каде што е – вели Трајковски.

На првиот меѓусебен дуел одигран во Скопје немаше победник, односно резултатот на Националната арена „Тодор Проески“ беше 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот