Трајанов: Се отвора расправа во Парламентот за една изборна единица

Павле Трајанов, лидер на ДС/Фото: Демократски сојуз

По повеќе од две години блокада, денес во Парламентот ќе започне расправа по Предлог -измените на Изборниот законик, со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, при што останува пропорционален модел, без изборен праг и решение за самостоен настап на помалите етнички заедници.

-Со измените се создаваат еднакви шанси за полититички натпревар на партиите и независни кандидати за пратеници, се обезбедува иста тежина на секој глас и основи за демократизација на изборните правила и на државата во целина. Составот на парламентот ќе биде одраз на волјата на граѓаните, повеќе партии и поединци ќе влијаат во носењето на круцијални одлуки, водејќи сметка за стратешките и национални прашања. Ги повикувам сите предлагачи и пратеници да се вклучат во расправата и преку сериозна и аргументирана дискусија да се одлучува, соопшти претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот