Траги од експлозив пронајдени во близина на оштетените гасоводи во Балтичкото Море

Балтичко Море / фото: EPA-EFE / Johan Nilsson

Шведскиот обвинител кој ја води истрагата за оштетувањето на гасоводите Северен тек 1 и 2 потврди дека се работи за саботажа и рече дека се пронајдени траги од експлозив.

Обвинителот Матс Лунгквист рече дека сè е внимателно документирано.

– За време на истрагата на местото на злосторството што се спроведе во Балтичкото Море, беа извршени опсежни операции и областа беше внимателно документирана. Анализата што сега е направена покажува траги од експлозив на неколку пронајдени странски предмети. Работата на напредна анализа продолжува со цел да се дојде до поцврсти заклучоци за инцидентот, рече тој.

Во соопштението понатаму се наведува дека „прелиминарната истрага е многу сложена и обемна” и оти работата продолжува. Во документот не се споменуваат имињата на осомничените, а се поздравува соработката на властите во Шведска со оние во другите земји.

Соопштението завршува со тврдењето дека обвинителот во овој момент не може да даде повеќе информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот