Трагедија во Куманово: Човек загина во пожар во сопствената куќа, синовите се повредени

Пожар/илустрација/ Фото: МИА

69-годишен кумановец загинал во пожар кој избувнал во неговата семејна куќа, соопшти полицијата.

„На 15.02.2023 во 16.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Сава Ковачевиќ” настанал пожар во куќа сопственост на Ј.М.(69) од Куманово. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде подоцна починал. Со повреди се здобиле и неговите синови М.М.(33) и Р.М.(44), кои биле пренесени во болницата во Куманово за укажување помош“, велат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид бил извршен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот