Трагедија на патот Маврови Анови – Дебар: Тројца мртви откако автомобил паднал во Радика

Полиција/ фото: МВР

Три лица загинале, а едно е пренесено во болница, по сообраќајна несреќа што се случила доцна попладнево на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар.

Според првичните информации, автомобилот со кој се превезувале жртвите излетал од коловозот кај Стрезимирски мост и паднал во Радика.

Извори во МВР информираат дека патничко моторно возило „Рено” со германски национални ознаки излетало од коловозот околу 16:50 часот. На местото на несреќата, првично починале три лица – две машки и едно женско, а едно женско лице е пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад” на укажување лекарска помош.

Екипи на СВР Тетово се на местото на настанот и наскоро се очекува да започне увид, што ќе го врши јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар.

Засега сообраќајот на овој патен правец се одвива без ограничувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот