Тошковски за инцидентот пред угостителскиот објект: Известен е јавен обвинител

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски преку Фејсбук го осуди насилството и напиша дека за инцидентот кој се случи утрово пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој се инволвирани полициски службеници, работат на расветлување.

„Во однос на инцидентот кој се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој се инволвирани полициски службеници, сакам да ја известам јавноста дека најостро осудувам секаков вид на насилство, а особено кога истото е сторено од страна на вработени во министерството за внатрешни работи. За наведниот настан веднаш е известен надлежен јавен обвинител кој даде насоки по кои во моментов се постапува, а од страна на надлежните служби во министерството побарав да се постапи максимално професионално и согласно стандардните оперативни процедури, сè со цел во најбрз можен рок да се расчисти овој случај, а за исходот од преземените дејствија веднаш ќе биде известена јавноста“, напиша Тошковски.

 

Претсходно ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека лицето кое нападнало полицаец ќе биде отстранет од обезбедувањето на престеадтелот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

За тепачката пред угостителскиот објект објави дополнителниот министер во МВР Митко Бојмацалиев  и побара професионално да се расветли случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот