„Топчиите“ го обоија Лондон во црвена боја

Арсенал/ Фото: David Klein / Zuma Press / Profimedia

Лидерот во Премиер лигата, тимот на Арсенал синоќа во една убедлива победа дојдоа до трите бода во големото дерби против тимот на Тотенхем, дополнително зголемувајќи ја предноста на врвот.

Немоќниот Тотенхем уште во првото полувреме подлегна на опасните напади на Арсенал, примајќи два гола во првите 45 минути.

Арсенал последен пат го победи Тотенхем на гостински терен во 2014 година, а кога како лидер на табелата последен пат два пати го победил најголемиот ривал во една сезона, тие успеале да дојдат до титулата.

Екипата предводена од шпанскиот тренер Микел Артета ужива одилчна форма против останатите лондонски екипи, и на домашен и на гостински терен. Засега тие се без пораз или нерешен дуел против останатите 6 тима од главниот англиски град.

ВИДЕО | Арсенал со победа во лондонското дерби до „плус осум“ на врвот на табелата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот