Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Том Хенкс сам го финансирал снимањето на неколку сцени од „Форест Гамп“ (ВИДЕО)

Том Хенкс откри дека лично платил за некои делови од продукцијата на филмот „Форест Гамп“…

Во интервјуто за емисијата „In Depth with Graham Bensinger“ актерот раскажа за тешкотиите со кои се соочил за време на снимањето на култниот филм од 1994 година, пренесува „NME“.

Коментирајќи ја легендарната сцена, во која Форест Гамп трча низ целиот имот, Хенкс откри дека таа сцена била прескапа и дека режисерот Роберт Земекис побарал помош од него.

„Тој ми кажа, оваа сцена ќе чини огромна количина на долари. И не беше евтино навистина. Јас само реков во ред, а потоа тој кажа дека ние двајца ќе го поделиме тој износ и парите ќе ги вратиме на „Paramount“. Така и се случи“, истакна оскаровецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот