Тимерманс: До 2050 година, Европа мора да стане климатски неутрална

Фото: EPA-EFE/Olivier Matthys / POOL

 До 2050 година Европа мора да стане климатски неутрална, изјави потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс, кој учествува на состанокот на европските социјалисти во Берлин. Во германскиот главен град, премиерите и комесарите разговараат за визијата за поправеден и поодржлив пат за Европа.

Според Франс Тимерманс, новите зелени политики мора да содржат и социјална белег, а плановите за зелена транзиција мора да создадат нови, подобри работни места, подобра социјална заштита, почист воздух и подобра храна, но сето тоа мора да биде достапно за сите Европејци.

Тимерманс е оптимист дека за 20 години, Европа ќе обезбеди квалитетни работни места и младите ќе можат да живеат како што ќе изберат. Тогаш ќе се постигне целосна еднаквост помеѓу мажите и жените.

Комесарот на ЕУ за економија Паоло Џентолини истакна дека клучниот збор за заздравување на ЕУ е промена, но за да се реализира тоа – не треба да се повторуваат политиките од послендите 10 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот