Тетово една недела под гасна комора, воздухот екстремно загаден, општината во зимски сон

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Тетовци изминативе 7 дена дишат екстремно загаден воздух. Концетрациите на штетните ПМ 10 честички се и за до 6 пати поголеми од дозволените граници. Во вечерните часови ретко кој се осудува да излезе надвор кога е пикот на аерозагаденоста.

„Последниве 7 дена имавме до 350 микрограми на метар кубен и пиковите беа некаде од 17 до 19 часот, тоа е период кога се палат печките, поладно е и поради тоа се палат, а во Тетово над 60 отсто од населението се затоплува на дрва и во тој период е така. Секако тука влијаат и метереолошките фактори, имавме отсуство на ветер, имавме сончеви денови. Така да тоа е проблем, а имавме и температурна инверзија, нас ни се преполнија ординациите“, изјави доктор Ратко Давидовски специјалист по хигиена и здравствена екологија.

Од големата аерозагаденост сите патиме, но најранливите треба многу да внимаваат, велат здравстените работници. ПМ особено 2,5 честичките знаат длабоко да навлезат во организмот и онака кревкото здравје на луѓето можат за миг да го нарушат.

„Таму каде што може да се влијае треба да се влијае. Секој од нас треба да придонесе да имаме помало аерозагадување и централна и локална власт, но гасификацијата е решението.За лично да се заштитиме треба да се внимава. На телефоните имаме апликација кога е најзагадено ни кажува, тогаш не треба да излегуваме, носење на маски, да не се движиме покрај сообраќајниците и дома ставање на филтри за прочистување на воздухот“, рече доктор Ратко Давидовски специјалист по хигиена и здравствена екологија.

Во време кога градот под Шара урива рекорди по аерозагаденост, општинските власти буквално со прст не мрднуваат да преземат одредени чекори за ублажување на состојбата.

Градот се гуши во сообраќаен хаос и неконтролирана урбанизација, а она што највеќе загрижува е што тој се гуши и во кал и прашина.

Депонија во тетовска градинка каде се напасува и добиток, од словенечката компанија која требаше да менаџира со сметот нема ниту глас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот