Тетовец со туѓ идентитет за пари лажел дека синот, сопругата и ќерката починале во сообраќајка

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза" - Скопја.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.М.(44) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“ и против А.З. од с.Церово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

Во текот на 2020, првопријавениот во повеќе наврати без согласност, користел лични податоци од Д.Б.(36) од Призрен, Р.Косово, по што преку лажно прикажување на факти, измамил повеќе државјани од Р.Албанија.

Тој се претставувал дека е татко на нивниот пријател Д.Б. и им кажувал дека неговиот син со сопругата и ќерката имале сообраќајна незгода на територијата на Р.С. Македонија и дека починале, поради што му биле потребни пари за да ги префрли телата во Косово. Финансиските средства му биле испраќани преку брз трансфер на пари на име на А.З. и на тој начин Р.М. се стекнал со вкупна имотна корист во износ од 1.510 евра.

Второпријавениот, и покрај тоа што знаел дека првопријавениот врши „измама“, му помогнал во извршување, ставајќи ги на располагање личните податоци и финансиските средства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот