Тетовци од утре пак ќе плаќаат зонско паркирање, Касами го направи бесплатно додека проверуваше како се работело

Тетово, „македонски Лас Вегас“ / Фото: Слободен печат, Елисавета Бејкова

Општина Тетово од утре повторно ќе наплаќа за паркирање на улиците каде има обележано зонски паркинг. Паркирањето беше бесплатно околу еден месец, по стапувањето на функција на новиот градоначалник Билал Касами.

-По неколкунеделен прекин на плаќањето на граѓаните за паркинзите во Тетово, започнувајќи од 01.12.2021 година повторно ќе почне да функционира платениот паркинг. Одложувањето на плаќањето од неколку недели се должи на откривање на проблемите што ги има оваа компанија, а според нашите инспекции откривме многу неправилности кои се веќе решени. Приходите што ќе ги остварува оваа компанија ќе се користат за плати на вработените, за одржување на паркинзите и за нови инвестиции, за граѓаните да имаат најдобри можни услови и максимално да се помогне сообраќајот во градот. Известуваме и дека наскоро ќе се создадат нови паркинзи и места за паркинг, информираат од Јавното претријатие „Градски паркинг-Тетово.

Во Тетово има две зони во кои се наплаќа по 20 и 30 денари за еден час паркирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот