Тесла од јуни започнува со масовно производство на најбрзиот автомобил во светот

Производителот на електрични автомобили Tесла го почнува производството на Model S Plaid на 3 јуни.

Како што објави шефот на компанијата, Илон Маск, на својот Твитер профил, ова ќе биде најбрзиот автомобил во светот.

Крипто хаосот што го предизвика Илон Маск не престанува: Биткоинот е уште во црвено

Model S Plaid ќе се произведува во фабриката во Калифорнија, САД. Електромобилот, според наводите, постигнува брзина од 97 км/чac за помалку од две секунди.

Електричниот седан е ажурирана верзија на Model S. Во првото тримесечје од оваа година не беше произведен ниту еден автомобил од овој модел, а во третото од 2020 година компанијата произведе 15.275 возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот