Тешко прашање за Сари: Дали Азар го игра последниот меч за Челзи? (ВИДЕО)

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Двете екипи за седум дена ќе ја бијат битката за трофејот во азербејџанскиот Баку, Сари повторно говореше околу иднината на Еден Азар.

Запрашан дали ова ќе биде последниот натпревар на Белгиецот во дресот на лондонските „сини“, тој одговори:

– Не знам, не знам. Како што сум рекол на секоја прес конференција, сакам да ја почитувам неговата одлука, не знам. Се надевам дека ќе остане со нас, но подготвени сме ако тој се одлучи за нешто друго – рече Сари.

И да разговарал околу ваквата тема италијанскиот менаџер со белгискиот интернационалец, не би зборувал за тоа.

Во изминатиот период доста се шпекулираше за можен трансфер на Азар во Реал Мадрид. Дали би се вклопил во „кралскиот“ клуб, Сари истакнува дека Азар е добар за секој тим, но секако е многу добар и за Челзи.

Финалето во Лига Европа ќе се игра наредната среда, а тој меч ќе има далеку поголема важност за „топчиите“ кои ќе ја имаат последната шанса за настап следната сезона во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот