Тешко повредени три лица во сообраќајка меѓу трактор и автомобил на патот Демир Капија-Неготино

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Три лица се повредени вчера во сообраќајка меѓу автомобил и трактор на патот Демир Капија – Неготино, кај место викано „Дисанска река“.

„На 14.11.2023 околу 16.30 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај место викано „Дисанска река“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од Г.Ц.(64) од село Тремник, неготинско и трактор, управуван од Д.Т.(71) од Неготино, двете со неготински регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.Ц.(56) од село Тремник, сопатничка во патничкото возило „опел“ и возачот на тракторот, констатирани во болницата во Велес“, иформираат од МВР.

По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот