Тешко повредени две пензионерки, мотоциклист и возач на „форд“

Фото: Слободен печат/Архива
Вчера околу 16 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на регионалниот пат с.Стење – с.Царев Двор, ресенско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда” управувана од С.Н.(52), мотоцикл „кавасаки“, без регистарски ознаки, управуван од Д.К.(24) од с.Јанковец, ресенско и патничко возило „форд“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(51) од с.Подмочани, ресенско. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен.
Во Полициската станица Неготино пак било пријавено дека на локалниот пат во с.Криволак, неготинско, патничко возило „форд“, со неготински регистарски ознаки, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Д.(41) од с.Криволак, констатирани во болницата во Неготино. Увид на местото  извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

Околу 23.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од улиците „Васил Главинов” и „Генерал Михајло Апостолски” во Штип, патничко возило „матиз“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.Л.(47) од Штип, удрило во пешаците Р.К.(70) и Г.Т.П.(62) од Штип. Во несреќата, Г.Т.П. се здобила со тешки телесни повреди, а Р.К. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица во Штип.

Четворица млади од струмичко повредени во тешка сообраќајка, со „Голф“ излетале од пат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот