Tешко повредена жената која вчера беше ранета на патарина кај Прешево

Илустрација/Архива на Слободен печат

Вчера на патарина во Прешево, тетовец со огнено оружје ја застрелал сопругата В.Ј по што се самоубил.

Како што пренесуваат српските медиуми, жената веднаш била пренесена во Ургентниот центар во Ниш по што била оперирана. В.Ј се здобила со повреди на душникот, вратните пршлени како и контузија на белодробното крило.

– По прегледот, констатирани се примарна здравствена заштита и радиолошка и лабораториска дијагностика, повреди на душникот, вратните пршлени и вметнување воздух во градната празнина, како и контузија на белодробното крило од левата страна. На пациентката веднаш ѝ е укажана хируршка интервенција во операционата сала на Ургентниот центар, по што е хоспитализирана на Клиниката за интензивна нега на Универзитетскиот медицински центар во Ниш – соопштија од оваа установа.

На пукањето и претходела расправа во автомобилот. Жената во еден момент излегла од возилото и почнала да бега по што  мажот со пиштол испукал два куршуми кон нејзе нанесувајќи и тешки повреди, а потоа оружјето го вперил кон себе и се самоубил.

 

Хорор на наплатната рампа кај Прешево: Сопруг ја застрелал сопругата, па се самоубил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот