Тешко повредена 13-годишна девојка во Куманово

Фото: МИА

Во СВР Куманово вчера е пријавено дека на крстосница од улиците „Тоде Мендол” и „Перо Илиевски” се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „априлиа” управуван од 13-годишна малолетничка, на кој се превезувала уште една 13-годишна малолетничка, и двете од Куманово и возило „фолксваген голф” управуван од В.К.(25) од Куманово.

По незгодата, малолетничката која го управувала мопедот била пренесена во Општата болница Куманово, каде ѝ биле констатиранни тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот