Тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница, повредени четири лица

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Четири лица се повредени од кои еден потешко, во сообраќајна несреќа која се случила вчера на скопската обиколница.

„На 10.12.2023 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат–обиколница на Град Скопје, кај с.Визбегово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(45) од с.Глумово, скопско и патничко моторно возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(20) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „пежо”, Ф.С.(46) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „пежо” Б.К.(24) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „8 Септември” “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот