ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО СИРИЈА: Убиени се 28 лица

Фото: EPA-EFE/YAHYA NEMAH

Во голем терористички напад во Сирија, во кој цел на нападот бил автобус, убиени се 28 лица, јавија британските медиуми.

Нападот се случил на автопат во сириската провинција Деир Зор, која се граничи со соседен Ирак, јавија сириските државни медиуми, пренесени од британскиите медиуми.

Во автобусот имало сириски војници и провладини сили кои се враќале во нивната база во ретко населено подрачје.

Втор извор наведува дека во терористичкиот напад се убиени најмалку триесетина војници, главно од елитината Четврта бригада на сириската армија, која е засилено присутна во оваа богата провинција што произведува нафта, откако борците на Исламска држава беа протерани од неа во 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот