Тензијата расте: Кинески бомбардери летале над територија на Тајван

Кинески бомбардери
Кинески бомбардер/ Фото EPA/YM YIK

Два кинески нуклеарни бомбардери X-6 полетаа денеска на југот на Тајван, како дел од формацијата од вкупно девет авиони на кинеското воено воздухопловство кои летаа во зоната за воздушна одбрана на Тајван, соопшти Министерството за одбрана во Тајпеј.

Два бомбардери X-6 го прелетале каналот Баши, кој го дели Тајван од Филипините, а потоа се вратиле во Кина, додека други кинески воени авиони летале во близина на островот Пратас, кој е под контрола на Тајван, се вели во соопштението на тајванското министерство, пренесува Ројтерс.

Во меѓувреме, Кина денеска го спушти нивото на своите дипломатски односи со Литванија под нивото на амбасадори, како дополнителен одговор на одлуката на Вилнус да отвори дипломатско претставништво во Тајван, кој Пекинг го смета за своја територија.

Кина претходно го протера литванскиот амбасадор од Пекинг и го повлече својот амбасадор од Вилнус, сакајќи да ја нагласи чувствителноста на прашањето за статусот на Тајван.

Кинеското Министерство за надворешни работи ја обвини Литванија за „поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина“ и ја повика литванската влада „веднаш да ги исправи грешките“.

Кина бесна поради дипломатските односи меѓу Тајван и Литванија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот