Кина бесна поради дипломатските односи меѓу Тајван и Литванија

Литванска амбасада
Литванска амбасада во Тајван/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Кина денеска го намали нивото на дипломатските односи со Литванија, како дополнителен одговор на одлуката на Вилнус да отвори дипломатско претставништво во Тајван, кој Пекинг го смета за своја територија, пренесува Гардијан.

Кина претходно го протера литванскиот амбасадор од Пекинг и го повлече својот амбасадор од Вилнус, сакајќи да ја нагласи чувствителноста на прашањето за статусот на Тајван. Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека односите ќе се спуштат на ниво на вршител на должност.

Кинеското Министерство за надворешни работи ја обвини Литванија за „поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина“ и ја повика литванската влада „веднаш да ги исправи грешките“.

Во острата изјава, Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека Литванија ја игнорирала „официјалната позиција“ на Кина и основните норми на меѓународните односи, дозволувајќи му на Тајван да воспостави свое претставништво во Литванија.

Овој потег „го поткопува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина и претставува грубо мешање во внатрешните работи на Кина“, поставувајќи лош преседан на меѓународно ниво, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

„Ја повикуваме литванската страна веднаш да ги исправи своите грешки и да не ја потценува цврстата решителност и решителност на кинескиот народ да го брани националниот суверенитет и територијалниот интегритет. Што и да направи Тајван, тој не може да го промени фактот дека е дел од Кина. соопшти кинеското министерство.

Тајван вели дека е независна држава наречена Република Кина, нагласувајќи дека Народна Република Кина никогаш не владеела со Тајван и нема право да зборува во негово име.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот