Тензиите продолжуваат, Багдад го осуди палењето на Куранот пред ирачката амбасада во Данска

Фото: Профимедиа

Багдад го осуди палењето на Куранот пред ирачката амбасада во Данска, истакнувајќи дека персоналот на данската амбасада во Багдад ја напуштил земјата по протестот, додека Копенхаген тоа го негира и тврди дека немало „повлекување од Ирак“.

Протестите избија низ Иран и Ирак откако Данска и Шведска дозволија палење на Куранот според правилата за заштита на слободата на говорот.

Демонстрантите во четвртокот ја запалија шведската амбасада во Багдад.

Двајца антиисламски демонстранти запалија примерок од муслиманската света книга пред ирачката амбасада во данската престолнина.

Ирачкото Министерство за надворешни работи ги повика властите на земјите од ЕУ „брзо да ја разгледаат таканаречената слобода на изразување и правото на протест“.

Демонстрантите се собраа во саботата во Багдад и покрај силното обезбедување, а мостовите кои водат до Зелената зона, во која се сместени голем број амбасади, беа затворени откако демонстрантите се обидоа да стигнат до данската амбасада.

Портпаролот на ирачкото Министерство за надворешни работи изјави дека персоналот на данската амбасада го напуштил Ирак пред два дена.

Тој не ја објасни причината или точниот момент на заминување.

Портпаролката на данското Министерство за надворешни работи изјави дека амбасадата во Багдад е затворена поради летен одмор од 22 јули.

„Не се повлековме од Ирак“, рече таа, одбивајќи да одговори дали персоналот ја напуштил земјата за време на затворањето на амбасадата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот