Тен Хаг за Роналдо: Имавме десет дена да одлучиме што да правиме

Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг порача дека „мирно спие“ откако одлучил од првиот тим да го отстрани Кристијано Роналдо на почетокот на сезоната.

Роналдо задоцни на припремите во Манчестер Јунајтед пред почетокот на сезоната и тоа затоа што инсистираше да замине. Сепак, кога не успеа да пронајде ангажман мораше да го испочитува договорот со Манчестер Јунајтед.

„Имав свои причини поради кои го „отпишав“ Роналдо. Тие причини се многу очигледни. Знаев кои последици ги носат таквите одлуки, ми беше јасно дека може да биде и негативно за мене. Сепак не се грижев и „мирно спиев“. Јас сум тука да го правам најдоброто за клубот и така сметав дека е правилно во тој момент“, изјави Тен Хаг.

Роналдо и Манчестер Јунајтед во ноември минатата година го раскинаа договорот, по интервјуто на Португалецот кај Пирс Морган во кое го критикуваше целиот клуб и директно Тен Хаг.

„Таква е работата на тренерот, морате да носите одлуки и да преземете одговорност кога е потребно. Тогаш имавме десет дена да одлучиме што да правиме со Роналдо“, истакна Тен Хаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот