Тен Хаг потврди: Манчестер Јунајтед ги продолжи договорите со четворица фудбалери

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Eрик Тен Хаг продолжува со својата работа во Манчестер Јунајтед, навивачите сметаат дека холандскиот стратег е вистинскиот човек да го врати тимот во битката за титулите како во Англија, така и во Европа. Денес Тен Хаг потврди дека се продолжени договорите со четворица фудбалери.

Во претсојниот преоден рок можеби ќе има промени во Манчестер Јунајтед, меѓутоа Маркус Рашфорд, Лук Шо, Фред и Диого Далот сигурно ќе останат во клубот. Овие четворица фудбалери потпишале договор до крајот на 2023 година со опција и за продолжување.

Договорите на четворицата истекуваа летово, но Јунајтед ја искористи клазулата за автоматско продолжување и спречи тие да си заминат бесплатно.

„Тимот оди во добра насока и среќни сме поради тоа, ова се играчи кои имаат голем придонес во нашиот пат. Сакаме да се развиваме и да продолжиме каде што застанавме. Создаваме тим за иднината на долги патеки“, изјави Тен Хаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот