Тело на маж извлечено од водите на Вардар кај Чегране

Безживотно тело на маж, попладнево е извадено од водите на Вардар на излезот од гостиварското село Чегране. Според последните информации сè уште не е познат идентитетот на жртвата. Во меѓувреме, местото го обезбедуваат полициски службеници и се врши увид во близина на мостот, каде е забележано безживотното тело и се работи на утврдување на причините за смртта.

Мујдин Д., очевидец кој го забележал телото, за МИА рече дека од понеделникот често поминувал покрај местото, но не забележал ништо со оглед на високото ниво на водата. Денеска околу 13 часот кога нивото на водата се спуштило, видел дека под мостот, има човечко тело по што го пријавил случајот. Тој посведочи дека телото било во фаза на распаѓање и во лоша состојба.

Во меѓувреме екипа на СВР Тетово работи на расветлување на настанот, а повикан бил јавен обвинител. Се очекува да биде наредена обдукција по што ќе се зае идентитетот на починатиот и причините за смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот