Тело на исчезнато четиригодишно момче е пронајдено покрај пат во САД, мајката обвинета за убиство

Фото: EPA-EFE/BRENDAN DAVIS

Американската полиција пронашла тело на момче (4) кое ден претходно било прогласено за исчезнато, а неговата мајка е обвинета за неговото убиство. Телото на Ариел Гарсија беше пронајдено непосредно пред 18 часот во четвртокот покрај дел од патот во државата Вашингтон, помалку од 24 часа откако роднините пријавија дека исчезнал.

По извештајот, државната полиција започна потера во која беа вклучени речиси 100 службеници за спроведување на законот и истражители од повеќе јурисдикции, вклучително и ФБИ. Откако е пронајдено телото, полицијата ја уапсила мајката на момчето, Џесика Гарсија, пишува Дејли Мејл.

Гарсија е обвинета за убиство од прв и втор степен и моментално е во притвор во округот Снохомиш. На 25 март, два дена пред неговото исчезнување, бабата на момчето побарала итен притвор. Рекла дека нејзината ќерка има проблеми со конзумирање дрога и алкохол и дека може да биде насилна.

Бабата во барањето навела дека мајката знаела и физички да го малтретира детето. По судскиот извештај, Ариел изгубил трага и бил пријавен за исчезнат. Еден семеен пријател и рекол на полицијата дека Ариел и неговата мајка останале со неа некое време. Рекла дека во еден момент излегле од куќата, а на подот пронашла поголема количина крв.

Кога полицијата ја пронашла мајката, на чевлите и на кошулата имала траги од крв. На инспекторите им кажала дека Ариел паднал од креветот и го удрил во главата и дека се обидела да го однесе во болница на преглед, но редот бил предолг. Истрагата е во тек. Се чекаат резултатите од обдукцијата на телото на момчето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот