Телекомуникациските оператори не се согласуваат со измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Операторите од телеком секторот на средбата, соопшти кабинетот на Пендаровски, ги изложиле нивните аргументи, зошто не се согласуваат со предлoжените измени.

Претставници на телекомуникациските оператори денеска на средба го информираа претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, за нивните согледувања во однос на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ставен во собраниска процедура, а предложен од група пратеници на 27 јануари оваа година.

Операторите од телеком секторот на средбата, соопшти кабинетот на Пендаровски, ги изложиле нивните аргументи, зошто не се согласуваат со предлoжените измени.

Имајќи ја предвид комплексноста на ситуацијата, во текот на утрешниот ден, информираат од кабинетот, претседателот Пендаровски ќе оствари средба и со претставниците на Македонска медиумска асоцијација на приватни национални телевизии со цел да биде запознаен и со нивниот аспект на согледување на состојбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот