Тејлор Свифт бесна поради сексистичка шега на нејзина сметка во серија на „Netflix“

EPA-EFE
EPA-EFE/NINA PROMMER

„Ginny and Georgia“ е една од новите серии во продукција на „Netflix“ оваа година, и иако досега не доби значително внимание од критичарите, серијата сепак успеа да привлече своја публика и обожаватели на најмоќната платформа за стриминг.

Имено, до пејачката Тејлор Свифт стигнала веста дека нејзиното име било искористено како „шега“ во серијата, а целата работа е во тоа што „шегата“ и не била најсмешна.

Имено во една сцена главните ликови разговараат за љубовниот живот па Џорџија ја прашува Џини дали прекинала со нејзиното момче. На што, девојката одговара „Зошто се грижиш? Па ти ги менуваш мажите побрзо од Тејлор Свифт“.

EPA-EFE
EPA-EFE/DJ JOHNSON

„Еј „Ginny & Georgia“, се јави 2010 година и си ја бара назад нејзината мрзлива и длабоко сексистичка шега. Што велите да престанеме да ги деградираме жените кои напорно работат дефинирајќи ги со ова сра*е како смешно. Исто така, „Netflix“, по „Miss Americana“ ова навистина не ви оди во прилог. Среќен месец на историјата на жените?“, се огласи Тејлор.

Многумина на социјалната мрежа „Твитер“ започнаа жестока дебата велејќи дека ваквиот тип шеги воопшто не се смешни и ги осудија сценаристите за ваквото омаловажување и „недоволна инспирација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот