Тебас: Барселона не може да го регистрира Меси, но има време

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас процени дека Барселона во овој момент финансиски не е во можност да го врати Лионел Меси, меѓутоа изрази надеж дека ситуацијата може да се промени.

Во последно време се почесто се пишува за можно враќање на Меси во Барселона, меѓутоа последната изјава на Тебас не е оптимистична за навивачите на каталонскиот гигант.

„Барселона во овој момент не би можела да го регистрира Меси, но има уште време“.

Сепак, првиот човек на Ла Лига не ја исклучува и можноста нешто да се промени.

„Нема да ги менуваме финансиските правила кои клубовите ги одобрија за Барселона да го регистрира, дури и ако наша желба е тој повторно да заигра во шпанскиот фудбал“, додаде Тебас.

Меси ја напушти Барселона летото 2021 година и премина во ПСЖ каде што на 69 натпревари постигна 31 гол, но не успеа да стане идол на навивачите како во Каталонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот