Тажна вест од Финска: Почина поранешен фудбалер на Хелсинки

Фото: HJK Helsinki/Twitter

Тажни вести пристигнуваат денес од Финска, на само 25 години почина фудбалерот Рони Пепонен, пренесуваат медиумите во оваа земја.

Пепонен беше фудбалер и на Хелсинки, а веста ја потврди неговото семејство кое побара да се почитува приватноста. Засега не се познати причините за неговата смрт.

Првичните информации кои не се потврдени се дека имал проблеми поради депресијата што била причина и да го напушти фудбалот многу рано. За проблемите со депресијата Пепонен во минатото зборуваше и јавно за медиумите.

„Поради ужасниот стрес не можам да спијам нормално, но во исто време знам колку тоа ми е важно за тренинзите“.

Летото 2020 година тој го раскина договорот со Хелсинки и тогаш веќе стануваше јасно дека проблемите за жал ќе надвладеат и нема да ја оствари најавената голема кариера. Своевремено беше и младински репрезентативец на Финска каде што ги помина сите младински категории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот