ТАВ најави сезонска авиолинија Скопје-Сплит

сплит
Сплит / Фото: Архива на Слободен печат

Од 12 мај оваа година хрватскиот национален превозник Croatia Airlines ќе воведе нова сезонска авиолинија на релација Скопје–Сплит, најавија од ТАВ Македонија.

Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Северна Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12-ти мај до 14-ти октомври 2023 година. Во овој период, Croatia Airlines ќе сообраќа со воздухоплов Dash 8-Q400, со капацитет од 76 седишта, два пати неделно, секој вторник и петок. Времето на пристигнување во Скопје ќе биде во 23:25 часот во вторник / 23:00 часот во петок, додека времето на заминување ќе биде во 5:45 часот, и во среда и во сабота. Времетраењето на летот меѓу Скопје и Сплит е околу 1 час и 25 минути, се вели во соопштението.

Сплит ќе биде втората дестинација во Хрватска со која е поврзан Меѓународниот Аеродром Скопје. Хрватската национална авиокомпанија лета на релација Скопје–Загреб секој ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот