Ерол Маск и Јана Безиденхут/ Фото: Профимедиа/ Инстаграм

Таткото на Илон Маск добил дете со поќерката, која е 41 година помлада од него

Таткото на Илон Маск, Ерол Маск (76) добил дете со поќерката, која имала само 4 години, кога се венчал со нејзината мајка.

Таткото на Илон Маск го добил второто дете со својата посвоена ќерка, која е 41 година помлада од него, рекол тој во новото интервју.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jana Bezuidenhout (@janaloves_life)


Ерол Маск (76), рекол дека добил ќерка со Јана Безиденхут (35) во 2019 година. Ерол и Јана претходно го добиле и синот Елиот Раш, кој сега има 5 години.

Нејзината мајка, Хеде и Маск, биле во брак 18 години и имаат две деца. Безиденхут имала само 4 години кога Маск станал нејзин очув.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ?Ya Cuentalo? (@ya_cuentalo)


Ерол Маск за британски „Сан“ рекол дека детето „не било планирано“, додавајќи дека тој и Безиденхут живееле заедно околу 18 месеци по раѓањето на нивното прво дете.

Тие повеќе не живеат заедно, но „негуваат љубов еден кон друг“, рекол тој.

Постариот Маск рекол дека неговите ќерки се шокирани од неговата врска со Безиденхут. „Њујорк пост“ објавил дека тој бил татко на вкупно седум деца.

„Единствената работа поради која сме на Земјата е да се размножуваме. Да можам да имам уште едно дете, би имал. Не гледам причина да не биде така“, изјавил тој.

Инаку, Ерол и Меј Маск, биле во брак од 1970 до 1979 година и имаат три деца: Илон, Кимбала и Тоска.

Инсајдер претходно месецов известил дека Илон Маск добил близнаци во ноември со една од своите раководителки во „Неуралинк“, Шивон Зилис. Тоа значи дека тој има девет деца.

ФОТО | Колку наследници има Илон Маск, новиот сопственик на Твитер

ФОТО | Колку наследници има Илон Маск, новиот сопственик на Твитер

ФОТО | „Илон Маск има нова девојка“: Која е 23-години помладата актерка која го освои неговото срце?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот