
Таткото на Фросина – Родителите се генератори на криминалот на Васо – мораат да си понесат одговорност
Тодор Кулаков, таткото на Фросина Кулакова, која беше смртно прегазена на пешачки премин обвини за правен инженеринг откако се одложи денешниот почеток на судењето против таткото на Васил, Зоран Јованов кој е обвинет дека му го давал автомобилот на синот, а судијката ја нарече судија на мафијата. Родителите пак ги нарече генератори на криминалот на Васил кој беше осуден на 12 години затвор за прегазувањето и ги повика да си понесат одговорност откако таткото на Васил не дојде на денешното рочиште поради неуредна покана, а судот не можел да го најде на неговата адреса.
Препорачано
Обвини дека е направена манипулација со АКМИС системот бидејќи истата судијка му суди и на Васо и на татко му и направи паралела со тоа што претседател на Суд доби затворска казна за наводна манипулација со АКМИС системот.
– Јас сум лично убеден дека се работи за манипулација со АКМИС системот и нема да го дозволиме тоа, ќе бараме комисија да се состави да го истражи тоа и ќе поднесеме кривична пријава против сите вклучени во ова. Измената на обвинението не можам да ја коментирам бидејќи не знам на што се однесува, но дополнителен сомнеж ми фрла неприсуството на адвокатот. Самиот обвинителен акт јас можам да посочам дека дополнително ќе поднесеме пријава и ќе ја доставиме до обвинителот и до судечкиот судија, независно што судечкиот судија веќе сметаме дека се стекна со епитет судија на мафијата бидејќи го суди и Васо убиецот и татко му.
Таа мора да биде свесна дека е наместена со АКМИС системот. Уште првиот ден родителите на Васо, според првиот човек на институцијата во затворот му обезбедуваат телефон. Ова насочува на прикривање мотиви за прикривање на убиство. Како може такво нешто да недостасува во обвинение на родител, а стои само дека му ја дал колата. Ќе се обратиме и до обвинителството и до судечкиот судија со цел да се прошири обвинението, а родителите по не знам кој пат, вклучително и оваа денешна манипулација, покажуваат дека се генераторот на криминалот на Васо. Мораат да си понесат одговорност- рече Кулаков.
Според него, судството и мафијата се една спрега. Денешното рочиште се одложи, Зоран Јованов не дојде, затоа што судот не можел да го најде на адресата на која живее. Не дојде ниту неговиот адвокат, а обвинителот Александар Марковски го смени кривичното дело за таткото од предизвикување на општа опасност во загрозување на безбедноста во сообраќајот.