Талентираниот Холанѓанец излезе од притвор и се врати во Јувентус

Фото: EPA-EFE/GERRIT VAN KEULEN

Moхамед Ихатерен (21) се врати во Торино каде што ќе тренира со Јувентус откако минатата недела беше уапсен на прославата на неговиот роденден.

Холандскиот „Телеграф“ објави дека младиот офанзивец ја нападнал поранешната девојка. Тој поминал неколку дена во притвор и тоа не му е првпат, минатата година исто така беше приведен поради закани.

„Она што нас не дефинира е колку сме успешни после неуспесите“, објави Ихатерен на Инстаграм со видео од текот на тренингот, како и снимки од стадионот на Јувентус.

Ќе потсетиме станува збор за еден од поголемите таленти на холандскиот фудбал, но често има проблеми со својот темперамент. За неговата кариера се грижи агенцијата на покојниот менаџер, Мино Раиола.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот