Тајм: Украинските генерали ги одбиваат наредбите на Зеленски, бараат замрзнување на конфликтот

Зеленски на Тајм/Фото: Твитер/Time

Американскиот магазин Тајм, повикувајќи се на експерти блиски до украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврди дека украинските власти подготвуваат смена на министрите и генералите задолжени за контраофанзивата. Студот ќе го отежне военото напредување и ќе ги замрзне линиите, но Зеленски одбива да го прифати тоа, пишува Тајм.

„Замрзнувањето на конфликтот за мене значи пораз“, кажал украинскиот лидер. Извори од неговиот најтесен круг за Тајм тврдат дека може да се очекуваат големи промени во воената стратегија и потреси предизвикани од смените. Најавиле дека најмалку еден министер ќе биде отпуштен, заедно со генерали задолжени за контраофанзивата.

Тие објасниле дека со тоа ќе се казнат одговорните за немањето напредок на Украина на фронтот. „Не одиме напред“, кажал еден од блиските соработници на Зеленски. Напоменал дека некои команданти на првата линија одбиваат да ги слушаат наредбите да тргнат во напад, дури и во случаи кога тие доаѓаат директно од кабинетот на Зеленски.

„Тие само сакаат да седат во рововите и да ја држат линијата. Но така не можеме да ја добиеме војната“, порачал соработникот на украинскиот претседател. Тајм објави напис за проблемите со кои Зеленски се соочувал за време на конфликтот, од ситуацијата на фронтот и потребата за собирање меѓународни финансии, до борбата против корупцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот